Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев во изјава за Институтот за комуникациски студии, вели дека државата е осиромашена, столбовите на земјата не се на здрава основа, со тоа трпи и спортот.

Панчев се осврна и на состојбата во спортот, целата ситуација се рефлектира врз сите, власта треба да пресече, не може веќе вака, одговорноста е нивна.

„Никој не се потруди да го подобри животот кај нас, се е тоа поврзано едно со друго, спортот е ослабен, големите компании не финансираат, спортот е паднат, фудбалот е паднат, во македонска прва лига играчите зимаат толку многу плати што се срамат да кажат колку заработуваат“ – изјави меѓу другото Панчев за Институтот за комуникациски студии.