Горан Пандев   и оваа сезона ќе игра за Џенова во калчо лигата. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација смета дека новиот тренер Аурелио Андреацоли ќе донесе свежина и подобри резултати.

„Новиот тренер Андерацоли има поинаква концепција, тој сака многу контакти со топката, ќе ја смениме играта и ќе напредуваме, убеден сум во тоа, секој нов тренер носи нови идеи и свежина, мислам дека ќе се издигнеме на едно повисоко ниво оваа сезона“ – изјави Пандев на подготовките.

Горан Пандев останува во Џенова уште една сезона, Андреацоли смета сериозно на капитенот на македонската репрезентација, неговото искуство е огромно и тој ќе биде многу важен играч и оваа сезона во екипата.