Македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев во интервју за „Моцарт“ вели дека не може да дочека навивачите на се вратат на трибините, да заврши пандемијата и спортот повторно да биде во прв план.

„Доколку има навивачи на трибините, тоа за нас ќе биде значајно, ние сме аутсајдери во нашата група на ЕП и нема што да загубиме. Првите два меча со Австрија и Украина се најважни за нас.“ – вели Пандев.

Фудбалерот на Џенова и сопственик на Академија Пандев вели дека моменталната ситуација во клубот во Струмица не е добра но најави засилувања во зимскиот преоден рок и желба за опстанок во ПМФЛ.

Пандев истакна дека негов идол од детството му е Дејан Савичевиќ а победата против Грузија и пласманот на ЕУРО 2021 е најубавиот моменот во неговата кариера заедно со освојувањето на титулата со Интер во ЛШ.