Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, има неколку диелми за почетниот состав со Словенија во Скопје.

Проблеми има во изборот во дефанзивата, Стефан Ристовски не е комплетно подготвен но се чини ќе настапи против Словенија, изборот на напаѓачи не е во прашање, како и средниот ред.

Македонија би требало да ја нападне Словенија во следниот состав, во нападот се очекува да започнеме со Несторовски и Пандев, во средниот ред, Адеми, Елмас и Спировски, на крилните позиции, Алиоски и Николов, во одбраната, Муслиу, Ристовски и Ристевски, на голот стандардно Димитриевски.