Елиф Елмас имаше одличен натпревар во дресот на Македонија против Словенија во Скопје, постигна два гола од кои за еден му асистираше Горан Пандев.

Нашиот репрезентативен капитен уште еднаш го потврди ставот за тоа што може да очекуваме од Елмас во Наполи но и во репрезентацијата.

„Тој е многу силно момче родено во 1999 година со одличен карактер.Тоа го покажува и за Наполи и за националниот тим. Во Македонија јасно се гледа дека станува лидер, Елмас е момче кое сакад да победува и да прави одлични работи. Мислам дека Наполи направи одлична работа што го ангажираше. Тој е пресреќен да биде во Неапол и се надева дека наскоро ќе може да освои нешто важно.“ – изјави Пандев пред медиумите во Италија.

Наполи и Елмас викендов во Серија А ќе се соочи со Верона додека Пандев и Џенова ќе и гостувааат на Парма.