Горан Пандев покажа дека годините се само бројка, тој е неверојатен на теренот во финишот на својата кариера, постигна два погодоци против Беневенто, на Џенова и донесе бод, стигна до бројката од 100 гола во Серија А.

Македонскиот репрезентативен капитен, е одлично физички подготвен пред ЕУРО, сепак плановите се да се пензионира по настапот на континеталниот собир.

„Мојата намера е да се повлечам по Европското првенство, физички добро се чувствувам, подготвен сум, се надевам дека ќе бидам во добра форма на ЕУРО, но мора да признаеме дека младите играчи трчаат многу“, изјави Пандев по мечот со Беневенто.