Џенова по ремито со Удинезе ја продолжува трката за опстанок во Серија А со денешниот натпревар со Наполи.

Домаќините се во опасната зона на табелата и потребна им е победа за да го поминат Лече и да се зацврстат на 17 место. Горан Пандев одново е најавен на клупата за резерви но извесно е дека и денеска ќе добие барем половина час фудбал.

Наполи пак со победа ќе напредува на петото место и ќе се врати во игра за Европа. Елиф Елмас се враќа во почетната единаесетка на Гатузо.

Првиот овосезонски дуелот на Наполи и Џенова заврши без победник, 0:0.

Standings provided by SofaScore LiveScore