Без интерес но и без ниту една реклама низ улиците во Рига, домаќинот на денешниот натпревар ќе го дочека соочувањето со Македонија.

Поразот од 6:0 од Австрија во минатото коло дополнително ја помножи со нула пресметката со нашата репрезентација за и онака малиот број на љубители на фудбалот во главниот град на Летонија.

Нема еуфорија, нема ниту интерес за билетите, помалку од 3000 беа продадени до 15 часот ова попладне.

„Даугава Стадиум“ вечерва ќе биде мирно место за надигрување на Македонија. Притисок може да преставува само фаворитската улога и желбата на јавноста за убедлив триумф.

Од Рига за Дриблинг.мк
Дамјан Николовски