Поранешниот капитен на Македонија, Горан Пандев објасни каков е неговиот став по однос на можниот кам-бек во националниот дрес.

Напаѓачот на Џенова, во изјава за „Фокус“ демантираше дека ќе игра за Македонија во баражот за СП.

„Враќање во репрезентацијата нема да се случи. Доста беше. Македонија има многу млади и талентирани фудбалери и со цело срце ќе навивам за нив на претстојните натпревари.“ – изјави Пандев за „Фокус“.