Горан Пандев ја предводеше Џенова на гостувањето кај Наполи и Елмас, во меч на кој гостите од Џенова освоија голем бод.

Струмичанецот повторно се најде во почетните 11 на Тиаго Мота, а навивачите на Наполи при неговото напуштање на играта во 80.минута го испратија со громогласен аплауз, поради годините и одличните мечеви во минатото кои ги мина Пандев на „Сан Паоло“.

Пандев не го заборави овој гест, па преку социјалните мрежи ја испрати следнава порака:

„Секогаш кога ќе се вратам на Сан Паоло се чувствувам како дома. Ти благодарам Наполо“-објави Пандев на својот Инстаграм профил.