Капитенот на Македонската репрезентација и најдобриот играч на Македонија , легендарниот Горан Пандев , беше разочаран по поразот на нашата репрезентација од Украина и како да сакаше да посочи дека секогаш  треба да имаме негатива за да играме одлично.

Не се доволни само 45 добри минути на вакви натпреварувања. Треба да играме како во вториот дел цел натпревар. Почнавме внимателно, а кога ќе примиш гол од прекин, станува се потешко. Примивме гол од корнер, имавме потоа во вториот дел многу шанси да изедначиме пред пеналот, но таков е фудбалот.
Жал ми е што изгубивме мислевме дека барем можеме до бод. Се гледа дека малку сме во грч затоа што ова се првите натпревари на едно големо натпреварување. Искрено, како да чекавме да примиме гол па да почнеме да играме.

Нема што да изгубиме веќе направивме нешто големо, сега да излеземе на терен и да се забавуваме. Со Холандија да одиграме храбро и да не се плашиме дека ќе изгубиме. И да го изгубиме мечот да не ни биде жал“, вели Пандев.