Македонија одбројува до мечот со Австрија во недела, нашите репрезентативци се веќе во Букурешт два дена, се аклиматизираа и сега се подготвуваат за дебитантскиот настап.

Во изјава за МТВ, капитенот Горан Пандев потенцира дека фудбалерите се мотивирани, спремни, и нема да изгорат во желбата за добар резултат.

„Оваа генерација игра добро, европско е, но ние се надевам дека нема да изгориме во желбата за добар резултат. Знам дека цела држава со нетрпение очекува да не следи на ЕУРО, ние исто така со нетрпение го очекуваме првиот дуел. Навивачите ќе бидат тука, знам дека сите дишат за нас, ние ќе направиме се да им вратиме со добри резултати, да ги израдуваме“ – изјави Пандев за МТВ.