Министерството за здравство за влез во Македонија од Италија бара соодветен период на изолација, Горан Пандев, Елиф Елмас и Илија Нестровски нема да можат да играат против Косово, ФФМ бара одложување на мечот.

Карантинот се однесува за период од 14 дена, тоа нашата репрезентација не може да си го дозволи, отсуство на Пандев, Елмас и Несторовски ќе биде преголем удар за нашиот национален тим.

ФФМ е во преговори со УЕФА да се одложи средбата на 26 март. Исто така, нашата федерација бара одложување и на натпреварот на У21  селекцијата која се среќава со Израел во квалификациите за ЕП.