Горан Пандев со гол учествуваше во победата на Џенова против Спал, важен триумф на тимот на капитенот на македонската репрезентација во борбата за опстанок.

Сепак и покрај тоа што беше еден од најдобрите, Пандев како и секогаш скромен во изјавите, Џенова ја очекуваат уште шест важни натпревари.

„ Ова беше важен натпревар за нас на кој забележавме победа, но  ништо не е готово, сега пред нас се уште шест финалиња. Опстанокот ни е најважен, верувам дека овој клуб, овие навивачи, овие момци на теренот, сите го заслужуваат тоа“ – изјави Пандев.