Македонскиот интернационалец и доскорашен капитен на Македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев вечерва со својата Џенова ке ја пречека екипата на Верона во рамките на 6 коло од Италијанската Серија А.

Пандев се очекува мечот да го започне од клупата за резерви, на вечерашниот натпревар а својата шанса најверојатно ќе ја добие во вториот дел , зависно од резултатот во кој ке се одвива натпреварот.

Џенова не ја започна сезоната како што посакуваше, и со само една победа во досегашниот тек од Серија А , јасно е дека и оваа година Пандев и друштвото ќе имаат голем предизвик за да изборат опстанок во Серија А, нешто што е случај во последниве неколку години за тимот на Џенова.

Верона од друга страна оваа сезона игра под очекувањата , но со промената на тренерот , тимот од „Бентегоди“ значително ја подобри играта, дури и забележа победа над Рома во предходното коло.