Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, одигра едно полувреме против Нант на пријателската средба во Франција.

Пандев влезе во игра во второто полувреме на овој меч кој заврши со резултат 1-1. Џенова поведе со голот на Лерагер во 28 минута, Нант израмни во вториот дел  преку Лима во 84 минута.