Целта е третото место во групата

Пандев: Одигравме добри натпревари со победа да ги завршеме квалификациите

Фудбал 18. Ное 2019. @ 13:15

Горан Пандев утревечер ќе ја предводи Македонската фудбалска репрезентација во мечот против Израел во рамки на последното 10.коло од квалификациите за ЕП 2020. Капитенот се очекува да се најде во почетните 11, откако пред два дена поради вирус не настапи на мечот со Австрија.

Фудбалерот на Џенова се надева дека овие квалификации ќе ги затвориме со победа и со добра атмосфера дека ќе го чекаме мечот со Косово во Лигата на нации.

„Се надевам дека со победа ќе ги завршиме квалификациите. Смета дека одигравме добри натпревари во овој циклус, а во таков стил сакам и да ги завршеме. Се надевам на освојување на третото место кое многу би ни значело за во иднина“- изјави Пандев.

Мечот меѓу Македонија и Израел од квалификациите за ЕП 2020 се игра утре на арената „Тодор Проески“ со почеток од 20:45 минути.


Comments are closed for this post.

бразилска линија на голманската позиција во ливерпул

Легендарен голман од Бразил ќе ги тренира голманите на Ливерпул

судиите му се виновни

Мурињо по поразот од Болоња му порача на свој играч да ја напушти Серија А !

сериозна повреда

Конте има лоши вести, еден дефанзивец во „аут“ до јануари