Македонската репрезентација во еден од најважните натпревари кои ги одиграла во последните неколку години ќе игра против селекцијата на Словенија, меч кој го носи епитетот да се биде или не.

Капитенот и најискусен репрезентативец Горан Пандев свесен е за важноста на натпреварот и изјави дека оваа генерација спремна е да ја направи цела нација горда.

„Знаеме што носи овој меч. Атмосферата е одлична, а оваа генерација заслужува да се најде на едно големо натпреварување. Како и тие и ние сакаме на крајот од квалификациите да бидеме втори во групата, а сметам дека можеме до тоа место, бидејќи поседуваме квалитет.