Македонија  против Холандија на во Амстердам на  „Јохан Кројф“ арената го завршува дебитантскиот настап на ЕУРО.

Горан Пандев смета дека Холандија е добра шанса за бодови, до нив  можеме да стигнеме тимски и со максимално ангажирање.

„ Се надевам дека ќе се простам со добар резултат, имам емоции, имам одиграно доста натпревари, можеби по натпреварот ќе ми биде чудно, но среќен сум што Македонија играше на едно големо натпреварување, знаеме дека Холандија е фаворит, ние ќе одиграме храбро како против Украина во вториот дел, ќе биде тешко, ако одиграме како што знаеме и умееме, можеме да изненадиме. Мои фаворити за лидери во репрезентацијата се Барди, Елмас , Адеми..“-рече на прес конференцијата капитенот Пандев.

Дуелот меѓу Македонија и Холандија утре се игра од 18 часот.