Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев се чувствува добро и ќе биде во составот против Австрија, дознава дриблинг.мк од таборот на нашиот национален тим.

Пандев имаше стомачна вирусна инфекција, но го одработи тренингот вчера на „Ернст Хапел“, денеска е многу подобро и тој е во комбинација за вечерашниот дуел.

Австрија со реми против Македонија ќе го завери учеството на ЕП 2020, средбата започнува од 20-45 часот.