Македонија има иднина со Елиф Елмас, ова по кој знае кој пат го посочи, Горан Пандев.

Нашиот капитен беше задоволен од начинот на кој Македонија ја совлада Словенија и воедно им се заблагодари на сите кои вечерва беа присутни на „Тодор Проески“ давајќи и поддршка на нашата сениорска репрезентација.

„Одигравме одличен натрпевари и заслужено победивме. Ја надигравме Словенија во секој сегмент и тоа ни донесе три бода. Што да кажам за Елмас, тој е нашиот најголем бисер. И предходно велев дека ова момче е подготвено да ја носи оваа репрезентација на грб како вечерва. Секако благодарност и до навивачите, тие вечерва беа нашиот 12-ти играч.“ – изјави Горан Пандев.