Македонскиот репрезентативен капитен го постигна шестиот овосезонски гол за Џенова во Серија А во победата над Каљари од 1:0 и уште една ја покажа својата вонсериска класа.

По натпреварот, вообичанено, воздржан и скромен го пофали тимот, тренерот и навивачите со желба за успешен крај на сезоната.

„Тука има многу конкуренција во нападот и тоа ме прави среќен. Го следиме нашиот тренер, знаеме дека тој смета дека можеме да бидеме уште подобри. Среќен сум за голот, секако, но најважно е дека тој ни донесе три бода. Поради ова сум уште посреќен. Ова е побда за тимот и за нашите навивачи кои не поддржуваат. Знаеме која е нашата цел и моравме да го привлечеме внимаението во нашиот дом.“ – изјави Пандев.

Џенова во следното коло ќе и гостува на Болоња со желба за нова победа и излез од опасната зона за испаѓање на табелата во Серија А.

Вреди да се прочита: Каков оригинален твит на најпознатата кладилница за Горан Пандев по денешниот гол.