Горан Пандев ќе продолжи со џенова уште една сезона, ова го тврдат медиумите од Италија. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација сака да игра уште една сезона во калчото и на взаемен интерес многу извесно е дека Пандев уште една сезона ќе го носи дресот на Џенова.

Панде во Џенова пристигна во 2015 година од Наполи, одигра 96 меча и 13 пати се запиша во листата на стрелците. Џенова се очекува деновиве да го официјализира едногодишниот договор со Пандев кој е миленик на навивачите на овој клуб.