И  капитенот на македонскиот национален тим Горан Пандев зборуваше за него Елиф Елмас по по потпишувањето за Наполи во интервју за „calciomercato.com“.

„Наполи има квалитетен среден ред, па Елмас ќе мора да се избори за да добие место. Технички е одличен и ќе добие шанса да се докаже. Тој е перфектен за да игра покрај Зјелински. Во иднина го гледам да игра слично како Хамшик. Во Фенербахче покажа дека може да игра под притисок, игра смирено и ги тера соиграчите да ротираат, поради својата непредвидливост: Има и одличен тренер во Карло Анчелоти од кого ќе научи многу“, изјави капитенот на фудбалската репрезентацијата на Македонија за италијанскиот медиум.