Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и член на Џенова, Горан Пандев во изјава за Кориере дело Спорт вели дека размислува за крај на професионалната кариера, има 36 години и сака последниот меч во калчото да го одигра во дресот на Џенова.

Пандев со нетрпение очекува сезоната да продолжи, фудбалот е мојот живот, тој е важен за секое општество ,ова се тешки моменти, сакаме кризата да заврши.

Нашиот капитен на репрезентацијата во интервјуто се осврна и пензионирањето, сака последниот меч да го одигра во дресот на Џенова.

„Замислувам како го играм последниот меч во кариерата во дресот на Џенова, тука сум веќе пет години, ме бараше интер во јануари, но јас останав тука, сакам последната средба во кариерата да ја одиграм пред полн стадион со кој ќе обезбедиме опстанок во лигата“  – изјави Пандев.