Македонскиот капитен Горан Пандев викендов заедно со неговата Џенова ќе паузираат во Серија А, откако ракводството на Лигата го одложи нивниот меч против Торино.

Мечот требаше да се игра в сабота, но Серија А го прифати барањето на Џенова за одложување на мечот поради 14 позитивни слуаи на коронавирус во нивниот табор.

Согласно Ковид 19 протоколот на УЕФА, кој се приенува и во Италија, во случај еден тим да има 13 играчи на располагање вклучително и голман, натпреварот треба да се игра како што е планирано. Во спротивно истиот ќе загуби 3-0 службено.

Сепак, согласно протоколот во Серија А, секој тим има право да побара по едно одложување на меч без службено да загуби, што Џенова го искористи во овој случај.