Бранко Илиевски од Букурешт

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев е оптимист дека нашата репрезентација е добро подготвена за ЕУРО, првиот противник е анализиран, скениран, искуството е негативно, но ова е европско првенство и се е можно, ова се поинакви натпревари.

„Имаме негативно искуство со Австрија, добро ги анализиравме, не очекува тежок натпревар со една цврста, физички одлино подготвена репрезентација. Но, и ние сме подготвени, работатат емоциите, имаме мотив, и ни и навивачите, тие се тука, имаме поддршка од цела Македонија и ќе направиме се да стигнеме до добар резултат“ – изјави Пандев.

Македонија дебитира на Европските првенства, дуелот со Австрија утре од 18 часот, ќе покаже колку и како може нашата репрезентација, веруваме во успех.