Фаворитската улога ја препуштаат на противникот

„Пандевци“ дебитираат на европска сцена

Денеска започнуваат европските авантури за уште три македонски клубови. Дебитантот меѓу нив, Академија Пандев, клубот кој се пласираше во квалификациите за Лига Европа како освојувач на Купот, го пречекува босански Зрињски.

Младиот струмички тим има тешка задача пред себе, но голем мотив да ги покаже своите квалитети во својот прв настап на европската сцена. Избраниците на Тренчовски подготовките за новата сезона ги минаа во соседна Бугарија, каде одиграа четири подготвителни натпревари, добивајќи само еден, против екипата на Берое со 2-0.

Струмичани фаворитската улога во овој меч им ја препуштаат на Зрињски, тим кој има поголемо искуство во вакви натпревари, но сепак останува на најмладиот македонски прволигаш да покаже храброст и борбеност на арената „Тодор Проески“ денеска и барем да ја исполни желбата на тренерот Тренчовски, да ја зачува чиста сопствената мрежа.

Натпреварот помеѓу Академија Пандев и Зрињски се игра вечерва на националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 19.00 часот.


Be the first to write a comment.

Напишете коментар
Во прашање е време

Уште една потврда дека Горан Пандев ќе игра уште една сезона за Џенова

СИТЕ ГЛЕДАА ВО НЕГО

ВИДЕО: Знаменосецот на Тонга главен хит на отворањето на Олимписките игри

Стратегот останува во Париз

ВИДЕО: ПСЖ му верува на Покетино, потпишан е нов договор