Италијанскиот фудбалски прволигаш, Болоња потврди дека чекааат дополнителни резултати откако еден нивен член на стручниот штаб имал симптоми на Ковид-19.

„По последната серија на тестирање, еден од нашите вработени има симптоми на Кводи-19. Во очекување на исходот од испотувањата ќе ги преземеме сите мерки на претпазливост и мерки за заштита. Утрешниот тренинг ќе биде регулиран и без групирање. Ако биде потврдено дека нашиот вработен има коронавирус, целиот тим оди во изолација.“ – велат од Болоња.

Ова е сериозен проблем во пресрет на најавениот рестарт на Серија А но и проблем за Синиша Михајловиќ кој се уште не е во целост опоравен од лечењето од леукемија.

Директорот на Болоња, Марко Ди Вајо потврди дека Синиша Михајловиќ не е позитивен на Ковид-19 но не откри за кој член на стручниот штаб станува збор.