Во Италија веќе се регистрирани 7 смртни случаи, а епидемијата на коронавирисот затвори цели градови и одложи повеќе спортски и културни манифестации.

Главниот епицентар на коронавирусот во Италија е во Ломбардија, вклучувајќи ги и Милано и Бергамо.

Минатата недела во Милано се одигра првата средба од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу екипите на Аталанта и на Валенсија. Во тој момент никој не зборуваше за коронавирусот во Италија.

Сега наводно кај четворица навивачи на Валенсија, кои биле на таа средба, се откриени симптоми на болеста, што предизвика вистинска паника во Валенсија.

Овие случаи засега се испитуваат.