Барселона до понеделник треба да го добие Нејмар од ПСЖ а со тоа да ја затвори најголемата трансфер сага ова лето.

Се очекува каталонците да му платата на ПСЖ одредена сума под 100 милиони евра која ќе биде прва рата, да ги отстапат Ракитиќ и Тодибо а Дембеле да заврши на позајмица на една година во Парис. Остатоткот од договорената сума која засега се чува во тајност, тимот од „Камп Ноу“ ќе ја плаќа на уште две рати.

Медиумите од Франција тврдат дека ПСЖ викендов ќе ги започне преговорите со Тотенхем за Ериксен, со Јувентус за Дибала и со Интер за Икарди. Најмалку еден од овој тројца ќе пристигне во ПСЖ до крајот на летниот преоден рок.