Директорот на Болоња, Валтер Сабатини, изјави дека Златан Ибрахимовиќ дефинитивно ја одбоил Болоња и Михајловиќ.

Сабатини изјави дека Ибрахимовиќ веќе избрал каде ќе игра но не објави детали за тоа, Милан е најверојатната опција за Швеѓанецот.

„Ибрахимовиќ има друга опција, Болоња отпадна како можност, Михајловиќ направи се да дојде кај нас но тој има поинаков избор“- изјави Сабатини.

Покрај Болоња за Ибрахимовиќ беа заинтересирани Наполи и Милан.