Коронавирусот го нарушува и натпреварувањето во Лигата на шампионите, а покрај дуелот меѓу Барселона и Напол без навивачи ќе се одигра и реванш мечот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд.

Француските власти, излгеоа со соопштение во кое јасно ставиа до знаење дека не смее да се организира настан на кој би биле присутни повеќе од илјада лица. УЕФА во текот на денешниот ден само ќе ја потврди одлуката на француските власти.

Борусија Дортмунд има предност од 2-1 од првиот натпревар одигран во Дортмунд, а реванш мечот на домашен терен без своите навиачи за ПСЖ додатно ја отежнува ситуацијата.