Спортскиот директор на Парма, Даниеле Фаџиано, изјави дека клубот се обидел да го доведе Ибрахимовиќ н оедноставно Швеѓанецот е прескап за нивните можности.

Ибрахимовќ е слободен играч, во јануари ќе потпише за клуб од Европа, прашање е каде, екипи од Италија преговараат со Швеѓанецот но засега договор никој нема.

„Тој е неверојатно квалитетен играч, од секогаш сакав да дојде во Парма, но ние не можеме да си дозволиме да го имаме, тој е прескап за нашиот клуб“ – изјави Фаџиано.

Ибрахимовиќ е желба на Милан, преговорите се во тек иако тешко одат, Швеѓанецот е очигледно интересен играч ина оваа возраст, има 38 години но и натаму е во фокусот на вниманието на многу клубови.