Заменик капитенот на Македонија, Стефан Ристовски е на трансфер листата на Спортинг Лисабон и до крајот на овој преоден рок се очекува да го промени клубот.

Според последните најави од Португалија за десниот бек интерес има од повеќе тимови од Европа како што се Парма и Сасуоло од Италија, Селта и Ваљадолид од Шпанија и Волфзбург од Германија.

Ристовски неколку дена тренира индивидуално а Спортинг за него бара околи 3 милиони евра.

 

Можно е Спортинг да се согласи и на едногодишна позајмица на Ристовски но само под услов ако има обрзувачка откупна клаузула за следното лето.