Неофицијалните информации дека долгот на фудбалскиот клуб „Партизан“ е 20 милиони евра, се добија потврда. Српските институции во извештајот за 2018 година, го објавиле долгот и структурата на клубот.

Во извештајот е наведено дека Партизан има долг „тежок“ 20.306.627 евра, како и дека неговиот најголем раст е забележан токму минатата година. Лани клубот имал расходи од 17 милиони евра, додека приходите биле за 9 милиони помали.

Во извештајот е наведено и дека ФК Партизан склучил договор со српското Министерството за финансии за одложување на плаќањето на даночниот долг.