Прославениот француски репрезентативец Патрик Виера доби отказ на тренерското место во Ница, по серијата од пет последователни порази на францускиот прволигаш.

Отказот доаѓа ден по поразот на Ница на домашен терен од Баер Леверкузен од 3-2 во Лигата на Европа со кој ги загуби шансите за пласман во нокаут фазата, додека во француското првенство Ница е 11 пласирана по 12 кола.

44-годишниот Виера седна на клупата на Ница во летото 2018 година.