Манчестер Јунајтед вчера потврди уште едно големо засилување, откако објавија дека постигнале договор со Реал Мадрид за Рафел Варан.

Францускиот репрезентативен дефанзивец доаѓа на Олд Трафорд, во трансфер вреден 45 милиони евра, плус бонуси. Со овој трансфер Оле Гунар Солскјер сака да ја зацврсти дефанзивата и да створи моќно дефанзивно дуо Мегваер- Варан.

По реализираниот трансфер се огласи и легендарниот лев бек Јунајтед, Патрис Евра, кој го искоментира доаѓањето на Варан и направи паралела на кого го потсетува францускиот играч од одбраната.

„Стилот на Варан ми е доста сличен како на легендата на Јунајтед, Рио Фердинанд. Висок, одличен во скоковите против противничките играчи. Рафа Варан е комплетен дефанзивец, токму тоа што му треба на Јунајтед. Се сеќавам кога го гледав кога беше уште млад, беше неверојатен, имаше страшна контрола над топката. Мислам дека Јунајтед не можеше да најде на пазарот подобар фудбалер на таа позиција“– порача Патрис Евра.