Крилниот напаѓач на лондонски Челси, Педро решил дека најдобро за неговата кариерата е да ја прифати понудата од Валенсија, пренесуваат медиумите од Шпанија.

Тотенхем и Арсенал како и Њукасл не се опција за Педро кој сака да се врати во неговата родна земја, а нјдобри услови му нуди Валенсија.

Таму поранешниот играч на Барселона ќе добие загарантиран првотимски статус и ќе има реална шанса да се бори за кам-бек во селекцијата на Шпанија. Педро се поврзуваше и со трансфер во Рома, но шпански „Диарио Спорт“ тврди дека Валенсија ја добила трката.