Јувентус ова лето ќе ги засили напорите да дојде до напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, кој како позајмен играч настапува за ПСЖ.

Јувентус е свесен дека Интер никогаш нема да го продаде Икарди на својот директен конкурент и затоа нема намера да преговара со клубот од Милано.

Но, челниците на Јувентус подготвија план, кој, ако успее, ќе го донесе Икарди во Торино и без дозволата на Интер.

Имено, според информацијата на Sport Mediaset, ПСЖ има право да го откупи Икарди за сума од 70 милиони евра. Парижаните засега не покажуваат интерес да го сторат тоа, па раководството на Јувентус се надева да го убеди ПСЖ да го откупат Икарди и веднаш да го заменат за Миралем Пјаниќ.

Оваа сезона Икарди настапи на 27 средби на ПСЖ во сите натпреварувања и постигна 18 гола и имаше и 4 асистенции.