Легендарниот Пеле ги демантираше написите во светските медиуми дека е паднат во депресија.

Ви благодарам на сите за грижата, ама јас сум во ред. Оваа година ќе наполнам само 80 години. Секој од нас има добри и лоши денови, тоа е нормална појава. Минатата недела се сретнав со претседателот на бразилската федерација за учество во документарен филм. Пред кратко време имав и две фотосесии, за компании кои го експлоатираат мојот лик. Имам однапред испланирано и неколку други настани. Не ги избегнувам средбите, физички сум активен и се надевам дека така ќе биде и во иднина“

Веста за депресијата на Пеле ја прошири неговиот син Едињо.