Почина легендарниот Аргентинец и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Мардона. Фудбалскиот свет со последно збогум за еден од најдобрите играчи во фудбалската историја, за многумина и најдобар.

Бразилецот Пеле со последна порака за Марадона, порака која го обиколи светот.

„Тажно е кога ќе се загуби фудбалски пријател на ваков начин, сигурен сум дека еден ден повторно заедно ќе играме фудбал во рајот“ – напиша Пеле.

Голем број на фудбалери, клубови, со последна порака за фудбалскиот БОГ, фудбалерот со „божја рака“ замина од овој свет.