Битолски Пелистер го започна планирањето за новата сезона со продолжувањето на договорите со тренерот и спортскиот директор. Претседателот на клубот, Пеце Стојчевски денес потврди дека Зоран Штерјовски ќе ја води екипата и следната сезона.

Штерјовски дојде на местото на Дарко Крстески пред крајот на есенскиот дел од шампионатот на ВМФЛ-Запад и со добриот финиш на есенскиот и почеток на пролетниот дел се избори за првото место и по прекинот, Фудбалската федерација на Македонија го промовира клубот од Битола во прволигаш.

Претходно Штерјовски ги предводеше Миравци, Силекс, Победа, Брегалница Штип. Младиот тренер се обврза на договор на една сезона.

Ако добие дозвола за колективни тренинзи, Пелистер ќе ги започне подготовките за новата сезона на 20 јуни.