Пеп Гвардиола ги коментираше перспективите на Сити во Лигата на шампионите.

Сакам да ја освојам Лигата на шампионите, копнеам за тоа и ќе имам огромно задоволство од натпреварите со Реал.

Но, ако не го елиминираме Реал, тогаш најверојатно ќе дојде претседателот на клубот или спортскиот директор и ќе ми каже дека ова што го сторивме досега не е доволно добро, дека ја сакаа Лигата на шампионите, и најверојатно ќе ме отпуштат. Што да се прави, во тој случај ќе им кажам: „Ок, ви благодарам, ми беше задоволство“ и ќе си заминам“, изјави Гвардиола во интервјуто за Football Daily.

Првата осминафинална средба во Лигата на шампионите меѓу Реал и Манчестер Сити ќе се одигра на 26 февруари во Мадрид, со почеток во 21 часот.