Манчестер Сити се подготвува за „живот без“ Лирој Сане откако крилниот напаѓач започнал сериозно да притиска за реализација на неговиот трансфер во Баерн Минхен.

Поради ова, Пеп Гвардиола интензивно работи на ангажман на фудбалер со слични карактеристики на Сане, изборот паднал на Леон Бајли од Баер Леверкузен.

Неофицијално крилниот напаѓач е достапен за 70 милиони евра, сума која се очекува Сити да ја добие од Баерн од продажбата на Сане.

Гвардиола во меѓувреме е насочен  и кон ангажман на нов плејмејкер по најавите дека Давид Силва ќе ја напушти Англија ова лето.