Манчестер Сити на три кола пред крајот на сезоната ја освои титулата во Премиер лигата. Тоа трета во последните чтири сезони под тренерот Пеп Гвардиола.

Нему меѓу првите му честиташе оној само една сезона му го прекина владеењето во Премиер лигата, тренерот на Ливерпул Јирген Клоп. Тој оваа година му ја врати титулата назад.

Тоа го воодушеви токму Гвардиола:

„Тоа е преубаво од него, како и од Карло Анчелоти, кој исто така ми честиташе. Им се дивам на двајцата. Клоп веќе со години ми е ривал. Тој од Дортмунд до Ливерпул ме направи подобар менаџер затоа што водејќи ги неговите најголеми ривали Баерн и Сити поради него морав да размислувам за натреварот и ривалите. Многу ти благодарам Јирген и навистина го ченам твојот гест.“