Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги коментира своите фудбалски денови. Додека новинарите од Англија се занимаваат со евентуалните преговори меѓу Пеп и Меси за трансфер на „Етихад“, тренерот на „Граѓаните“ се навраќа на деновите кога беше дел од тимот на Барса.

Во најдобра форма бев на 23 или 24 години. Но, како фудбалер не бев ништо посебно. Бев бавен играч за врска, не можев силно да шутирам, немав дриблинг и посебно лош бев во воздушните дуели. Ми помогна тогашниот стил на играта на Барселона. Сега такво нешто нема, сега сите се многу подобро подготвени, сега ја имаме на располагање технологијата, имаме физиолози, доктори…“, изјави Гвардиола за Goal.

Гвардиола најголем дел од кариерата ја мина во Барселона каде подоцна се промовираше како еден од најдобрите фудбалски тренери од неговата генерација.