Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, нема да го напушти клубот, без разлика на двегодишната забрана за настап во европските натпреварувања, пишува Diario Sport.

Според овој извор, 49-годишниот Каталонец има намера да го одработи целиот свој договор, кој завршува на лето 2021 година. Манчестер Сити својата единствена шанса ја гледа во апелацијата до Спортскиот арбитраен суд.

Ова е спротивно од најавите дека Гвардиола веќе размислува за работа во Италија во екипата на Јувентус.