Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола презадоволен после победата на својата екипа во дуелот со Вулверхемнтон каде што победија 4:1. Во последните 10 минути два года даде Габриел Хесус, а еден постигна Ријан Марез.

„Бевме помалку нервозни на 11, но реагиравме добро, направивме многу шанси и дадовме голови. Мислам дека ја заслуживме победата, затоа што игравме добро. Тие беа опасни на 1:1, но ние продолживме да ја држиме топката, на губевме лесно и тоа ни е добра поука, таквите детали“– вели Гвардиола и додава:

„Згуснат е распоредот оваа сезона, немавме ниту една недела одмор, тогаш ти доаѓаат Вулвс, кои имаат цврст менталитет, физички се силна екипа. И повеќе сум од задоволен со се што досега направивме, а од утре се одмараме и се припремаме за следниот меч“

Граѓаните се незадржливи и во одлична серија од 21 натпревар во серија каде победуваат. Во моментов имаат 15 бода повеќе до Јунајтед, но и меч повеќе, а токму дербито на Манчестер ќе се игра во недела.

„Имаме два одмор и припреми, гледам колку се силни. Тоа е прилика за нас да направиме уште еден чекор“– заклучува Пеп.