Манчестер Сити се соочува со нова криза кога се во прашање повредените фудбалери. По направените прегледи, Кун Агуеро нема да може да игра најмалку еден месец а можно е во составот на Гвардиола да се врати на почетокот од 2020 година.

„Можеби ќе се случи чудо иако не верувам во тоа.  Ќе биде отсутен неколку натпревари, неколку седмици не знам точно. “ – изјави Гвардиола.

Агуеро се повреди во дербито со Челси. Сега во првиот тим на Сити поголема минутажа ќе добие Габрие Жезус.

„Не сум среќен поради поради повредата на Агуеро не сакам кога моите пријатели се повредуват но јас работам напорно за да напредувам и подготвен сум да играм.“ – изјави Жезус.